
Цената на гасот на европската берза ТТФ падна за повеќе од 50 отсто во 2023 година, на околу 34 евра за мегават-час, покажуваат податоците објавени на лондонската берза ICE.
Аналитичарите на агенцијата Capital Economics предвидуваат дека цените на гасот во Европа во блиска иднина би можеле да паднат уште пониско, поради намалената побарувачка и големите залихи, пишува Wall Street Journal.
Капитал економикс очекува гасот во Европа да се продава по цена од 32 евра за мегават-час на крајот на 2024 година.











