Во третиот квартал Европската унија увезла енергетски производи за 35,4 милијарди евра

Во третиот квартал Европската унија (ЕУ) увезла енергетски производи во вредност од 35,4 милијарди евра, што е за 49,1 отсто помалку во однос на истиот квартал од 2022 година, објави Евростат.

Ако ги погледнеме податоците за вкупната маса на увезени енергетски производи, ЕУ во третиот квартал увезла 65 милиони тони енергетски производи, за 11,3 отсто помалку од истиот период лани.

Учеството на енергијата во вкупниот увоз на Европската унија во третиот квартал е 17,7 отсто.