Италијанците за Божиќ потрошија речиси 23 милијарди евра

Италијанците за Божиќ потрошиле 22,8 милијарди евра, што е за речиси 15 отсто или околу три милијарди евра повеќе од минатата година, соопшти здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“.

Просечната потрошувачка на домаќинствата била 884 евра, додека лани била 770 евра, пренесува Мина.

Трошоците поврзани со купување подароци се зголемени за речиси 20 отсто – на осум милијарди евра, а Италијанците на патувања потрошиле 11,5 милијарди евра или 14 отсто повеќе во споредба со минатата година.

„На зголемувањето на потрошувачката за време на Божиќ оваа година повеќе влијаеле повисоките цени во многу сектори, отколку склоноста кон трошење или зголемувањето на приходите“, се вели во истражувањето на здружението Кодаконс.