
Германската влада и оваа година го собори рекордот во извоз на оружје, одобрувајќи продажба во вредност од најмалку 11,71 милијарди евра, покажуваат официјалните податоци.
Досегашниот рекорд од 9,35 милијарди евра од 2021 година е надминат веќе во средината на декември, за 25 отсто, покажуваат податоците што ги објави Министерството за економија на барање на Собранието.
Споредено со минатата година, сумата е поголема за 40 отсто, што е одраз на двојно зголемување на вредноста на испораките во Украина од дури 4,15 милијарди евра.
Речиси 90 отсто од извезеното оружје и воена опрема оваа година беа испорачани во други членки на ЕУ и НАТО, Украина и земји како Јапонија, Австралија и Јужна Кореја.
Владата даде зелено светло и за извоз во вредност од 1,18 милијарди евра на група трети земји како Израел, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Испораките во Израел годинава се зголемија за десет пати и достигнаа 323,2 милиони евра.
Владата издаде најголем дел од над 200 извозни дозволи по упадот на 7 октомври и Хамас на израелска територија, забележува агенцијата ДПА, пренесува Хина.











