
Цените на нафтата, утрово пораснаа, по вчерашниот остар пад.
Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,49 отсто, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,40 отсто, на 72,10 долари.
Во цела оваа година цената на нафтата падна за околу 10 отсто, што е последица на забавувањето на растот на светската економија, а со тоа и слабеењето на побарувачката за „црното злато“.











