Глобалната потрошувачка на бензин во 2023 година достигна рекордни 26,9 милиони барели дневно

Глобалната потрошувачка на бензин достигна рекордни 26,9 милиони барели дневно во 2023 година, објави Блумберг повикувајќи се на податоци на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Париската агенција претходно погрешно проценила дека врвот на светската потрошувачка на бензин е достигнат во 2019 година, пишува порталот oilprice.com.

Меѓународната агенција за енергетика со години се залага за побрза енергетска транзиција и помала употреба на фосилни горива, но најновите податоци покажуваат дека побарувачката за бензин во 2024 година би можела дополнително да се зголеми на над 27 милиони барели дневно.