UNWTO: Бројот на туристи во светот во 2023 година достигна речиси 90 проценти од бројот пред пандемијата

Бројот на туристи во светот во 2023 година го продолжи трендот на раст и достигна речиси 90 отсто од бројот пред пандемијата на корона вирусот, покажуваат податоците на Светската туристичка организација (UNWTO).

Според анализата и проценката на растот на туризмот во 2023 година на глобално ниво и по региони, UNWTO изјави дека меѓународниот туризам е на пат да достигне 80 до 95 проценти од нивото пред пандемијата на корона.

Севкупно, туризмот закрепна 87 проценти помеѓу јануари и септември 2023 година во споредба со бројките пред пандемијата.