
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,39 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,49 поени.
И покрај тој пад, индексот на доларот е на пат да добие околу 1 процент оваа недела.
Утринава курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,40 на 144,70 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0955 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0925 долари.
Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,58 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,76 отсто, на 72,75 долари.











