
Продажбата на нови возила во САД се зголеми во 2023 година, особено благодарение на атрактивните комерцијални понуди.
Експертите од индустријата проценуваат дека околу 15,5 милиони возила биле испорачани во САД во 2023 година, што е зголемување од речиси 13 отсто во споредба со претходната година.
„Продажбата на возила заврши многу повисока од очекуваното во 2023 година“, изјави аналитичарот Гарет Нелсон за АФП, додавајќи дека нивото е речиси исто како и пред пандемијата на корона вирусот, кога во периодот од 2015 до 2019 година, годишно 17 милиони се продаваа возила.
Нелсон предвидува раст на продажбата од три проценти во 2024 година, односно би можеле да се продадат околу 16 милиони возила.
Едмундс е помалку оптимист, сметајќи на мал пораст од еден процент – 15,7 милиони.
Нелсон рече дека продажбата има корист од подобрената ситуација во синџирот на снабдување, големите залихи, поголем избор за купувачите кои би можеле да ги искористат предностите на промоциите, намалувањето на цените и федералната помош.
Купувачите „бараат евтини опции“, рече Едмундс, истакнувајќи дека возилата што чинат помалку од 50.000 долари се продаваат во просек за 30 дена, во споредба со 47 дена за поскапите.
Уделот на електричните возила се очекува да продолжи да расте, достигнувајќи осум отсто од вкупната продажба во 2024 година, во споредба со 6,9 отсто во 2023 година, додаде Едмундс.
Tesla, која не открива детали за продажбата по земја, испорача 1,81 милиони возила ширум светот во 2023 година, што е за 38 отсто зголемување од 2022 година.











