
Загреб во декември 2023 година го посетиле речиси 126.000 туристи, а покрај домашните, најголем број биле од Босна и Херцеговина, Словенија, Австрија, Србија и Германија, соопшти Туристичкиот одбор на Град Загреб (ТЗГЗ).
Според податоците за цела 2023 година, Загреб го посетиле 1,3 милиони туристи или 21 отсто повеќе од 2022 година и нешто повеќе од 2,5 милиони ноќевања, што е зголемување за 13 отсто, покажуваат податоците на ТЗГЗ.
Во текот на годината најмногу туристи имало од Германија, САД, Италија, БиХ и Србија, а најмногу ноќевале туристи од САД, Германија, Италија, Велика Британија и БиХ.











