
Во првите девет месеци од минатата година странските инвеститори инвестирале вкупно 737,7 милиони евра во Босна и Херцеговина, што е за 23,9 отсто повеќе од истиот период во 2022 година. Најголеми странски инвеститори во Босна и Херцеговина биле Русите со 157 милиони евра инвестиции.
Според податоците на Централната банка на Босна и Херцеговина, директните странски инвестиции во Босна и Херцеговина од јануари до крајот на септември изнесувале 1,443 милијарди конвертибилни марки или 737,7 милиони евра, јавуваат локалните медиуми. Во истиот период лани директните странски инвестиции изнесувале 1,164 милијарди конвертибилни марки или 587 милиони евра.
Русија инвестираше 312 милиони конвертибилни марки (157 милиони евра) во Босна и Херцеговина во првите девет месеци од 2023 година, пренесува СееБиз.
Следуваат Холандија и Хрватска со 84 и 83 милиони евра инвестиции. Велика Британија, пак, инвестирала 82 милиони евра, а Турција повеќе од 60.
Десетката ја заокружуваат Германија со 46, Австрија со 40 и Србија со 26 милиони евра инвестиции.











