Hyundai под истрага во САД поради проблеми со кочниците

48

genesis-2012-hyundaiАмериканските регулатори за безбедност во сообраќајот започнаа истрага поради потенцијални проблеми со кочниците на околу 40.000 возила Hyundai Genesis произведени во 2009 година.

Според соопштението на американската национална агенција за безбедност во сообраќајот, примени се 23 поплаки од возачи кои се жалеле дека треба многу посилно да стиснат на кочницата за да прикочат, јавува Ројтерс. Во еден случај возачот воопшто не можел да закочи и удрил во автомобил пред себе што стоел на црвено светло на семафор.

Првиот чекор е прелиминирана оценка на сериозноста на проблемот, од што зависи дали ќе има повлекување на овие возила.

Портпаролот на Hyundai Motor Co изјави дека компанијата ќе го истражи проблемот и целосно ќе соработува со американскиот регулатор.