Саудиска Арабија ја намали цената на суровата нафта, веднаш реагираа пазарите

Енергетскиот гигант „Saudi Aramco“ ја намали цената на својата водечка нафта „Arab Light“ за Азија за два долари за барел, на 1,50 долари за барел над референтната вредност.

Ова е поголемо намалување отколку што очекуваа многумина во индустријата и најголемо намалување на цената во последните 13 месеци, наведува „Гардијан“, додавајќи дека ја намали февруарската официјална продажна цена на сурова нафта од Саудиска Арабија „Arab Light“ во Азија на најниско ниво во последните 27 месеци.

Арамко, исто така, ги намали сите цени за испорака во февруари во северозападна Европа, Медитеранот и Северна Америка.

Овој потег, според британскиот весник, укажува дека стравот од забавување на економиите и, следствено, намалување на побарувачката е поголем од геополитичката загриженост и нервозата за синџирите на снабдување поради тензиите во Црвеното Море.

Оваа вест ја „собори“ нафтата од типот „брент“, репер за нафта, за 1,2 отсто на почетокот на неделата на 77,80 долари за барел.

На крајот на минатата година Саудиска Арабија ја предводеше одлуката на групата ОПЕК + да направи доброволно намалување на производството, со цел да се спречи акумулација на непродадена нафта, пренесува RT Balkan.