
Јапонската компанија „Тојота“ четврта година по ред ја задржува водечката позиција на меѓународниот пазар за продажба на возила, пренесува агенцијата Kyodo врз основа на сопствени проценки.
Агенцијата наведува дека Toyota продала 10,22 милиони возила во периодот од јануари до ноември минатата година, додека нејзиниот главен конкурент Volkswagen продаде 9,24 милиони возила во 2023 година.
Тојота сè уште не ги објави официјалните бројки за продажба за 2023 година.
Јапонската компанија на 27 декември презентираше извештај во кој се наведува дека во периодот од јануари до ноември 2023 година, произвела рекордни 9,23 милиони возила, пренесува „Независне новине“.
Претходниот рекорд беше поставен во 2019 година кога Тојота произведе 9,05 милиони возила.











