Испораките на руска нафта во Европа преку нафтоводот Дружба паѓаат за 60 отсто годишно

Испораките на руска нафта во Европа преку нафтоводот Дружба паднаа за 60 отсто на годишно ниво во 2023 година, а тековите на неиспорачаната нафта беа пренасочени кон руските пристаништа, објави денеска компанијата Транснефт.

Минатата година, испораката на нафта преку руското црноморско пристаниште Новоросијск се зголеми за 3,1 отсто на 30 милиони тони, преку приморското пристаниште Приморск за 6,5 отсто на 44,4 милиони тони, а испораките преку пристаништето Уст-Луга во Ленинградската област за девет проценти на 34 милиони тони, пренесува ТАСС.

Нафтоводот Дружба обезбедува снабдување со нафта за белоруските рафинерии и негов транзит понатаму во Европа, минувајќи низ Украина, Полска, Чешка, Словачка, Германија и Унгарија.