Потпретседателот на ЕЦБ предупредува на побавен пад на инфлацијата во 2024 година

Инфлацијата во еврозоната оваа година веројатно ќе падне со побавно темпо отколку во 2023 година, изјави потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гуиндос на Денот на шпанските инвеститори во Мадрид.

Тој, исто така, предупреди на геополитичките тензии и притисоци врз растот на платите што може дополнително да го загрозат намалувањето на инфлацијата во еврозоната, се наведува на веб-страницата на Европската централна банка.

Луис де Гуиндос изјави дека според сегашните податоци, економијата на еврозоната била во пад во декември, што укажува на можност за техничка рецесија во втората половина на 2023 година.