Македонија во ноември најмногу туристи имала од Турција

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2023 година изнесува 66 668, од кои 31.8 % се домашни туристи, а 68.2 % се странски туристи.
Најголем број на странски туристи доаѓаат од  Турција 13.162, следуваат Србија 3. 673, Грција 3. 612,  2. 125 од Германија, 1. 912 од Велика Британија…
Бројот на ноќевањата во ноември 2023 година изнесува 137. 548, од кои 37.5 % се од домашните туристи, а 62.5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20.9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за
37.6 %.
Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за
23.0 %.