
Германскиот производител на автомобили Ауди ја зголеми својата продажба минатата година за 17%, продавајќи 1,9 милиони автомобили благодарение на силниот раст на продажбата во Европа, САД и Кина, изјави во четвртокот шефицата за продажба Хилдегард Вортман.
Учеството на целосно електрични возила во вкупната продажба беше само 9%. Четвртиот електричен модел Ауди треба да биде лансиран во март.
Шефот на Audi, Гернот Долнер, рече дека силната побарувачка обезбедува силна основа за предизвикувачка година со зголемена конкуренција и глобална економска несигурност.
Фокусот на Audi е на електричната мобилност и профитабилноста на автомобилите, рече тој.
Следниот важен чекор е лансирањето на SUV Q6 E-Tron, кој се базира на новата Premium Platform Electric (PPE) развиена заедно со Porsche.
Во 2023 година, Audi испорача 178.000 целосно електрични автомобили, што е зголемување од 51% во споредба со претходната година.
Подружницата на Фолксваген сака да ја зајакне својата гама на е-автомобили, мотори со внатрешно согорување и plug-in хибриди со различни нови модели во 2024 и 2025 година.
Во Европа продажбата на Audi е зголемена за 20% до 748.000, а во Кина за 13% до 729.000 автомобили.
Во САД, компанијата ја имаше својата најдобра продажна година досега, со раст од 22% до 229.000 автомобили.











