Експертите тврдат дека светската економија годинава се очекува да доживее пригушен раст и неизвесност

Глобалната економија во 2024 година се очекува да доживее пригушен раст и несигурност што произлегуваат од геополитичките конфликти, тесните услови за финансирање и нарушувачките ефекти на вештачката интелигенција (АИ), според истражувањето на економските експерти објавено денеска пред годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ)во Давос.

Во истражувањето учествувале повеќе од 60 економисти од јавниот и приватниот сектор, а околу 56 отсто од анкетираните сметаат дека глобалните економски услови годинава ќе ослабат, објави СЕФ.

Поголемиот дел од испитаниците очекуваат умерен или посилен економски раст во Кина и Соединетите Американски Држави, додека постои широк консензус дека Европа ќе има слаб или многу слаб раст во 2024 година.