
Трошоците за војната против Хамас во периодот од минатата до следната година ќе изнесуваат околу 49 милијарди евра, објави Банката на Израел.
Во анализата на влијанието на војната во Појасот Газа врз економијата на Израел се наведува дека државата Израел инвестирала приближно 4,5 милијарди евра државни средства во различни аспекти на воените напори, вклучително и трошоците за одбрана и финансирање на повеќе од 100.000 евакуирани и раселени лица, пишува The Times of Israel, а пренесува Мина.
Околу 22,8 милиони евра се наменети за менталното и физичкото здравје на жртвите на теророт за време и по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој според израелски извори загинаа околу 1,2 илјади луѓе, а 240 беа заробени.
Трошоците за поправка и обнова на уништените заедници долж границата со Појасот Газа ќе достигнат околу 98 милиони евра. Како што се наведува, штетата на северот на Израел предизвикана како резултат на прекуграничните напади од Либан ќе достигне околу 60 милиони евра.











