Извозот на германската електроиндустрија се зголеми во 2023 година

Германската електронска и дигитална индустрија минатата година успеа да го зголеми извозот и покрај одредениот пад кон крајот на годината.

Во првите 11 месеци од минатата година извозот на тој сектор бил вреден 234,9 милијарди евра. Со тоа вредноста од претходната година надмина 3,8 отсто, објави во четвртокот здружението ЗВЕИ.

Како што наведоа, растот е номинален, а не реален, па не била земена предвид релативно високата инфлација, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.

„И покрај падот во последните месеци, а не сметајќи ги сè уште непознатите податоци од декември, извозот на германската електроиндустрија веројатно ја заокружи целата година со номинален раст“, ​​изјави главниот економист на ЗВЕИ, Андреас Гонтерман.

Во 11-те месеци за кои се достапни податоците, увозот е зголемен и за 3,5 отсто на 249,3 милијарди евра.

Кога станува збор за ноември, здружението бележи пад на извозот петти пат по ред во однос на истиот месец лани. Вредноста на извозот изнесува 21,9 милијарди евра, што е за 1,9 отсто помалку од претходната година.