
Американскиот производител на автомобили Ford Motor Company во петокот објави дека ќе го намали производството на својот најпродаван електричен пикап камион во САД, F-150 Lightning, со цел да постигне оптимален баланс на производството, растот на продажбата и профитабилноста.
Компанијата соопшти дека очекува глобалната продажба на електрични возила (ЕВ) да продолжи да расте оваа година, но помалку од претходно очекуваното, додавајќи дека планира да лансира тип на автомобил од следната генерација, јавува Anadolu Agency.
„Ние ја користиме нашата производствена флексибилност за да им понудиме на клиентите поголем избор додека го балансираме нашиот раст и профитабилност“, рече претседателот и извршен директор на Ford, Џим Фарли.
Форд беше втората најпродавана марка на електрични возила минатата година, со продажбата на F-150 Lightning зголемена за 55 отсто во 2023 година, се вели во соопштението.
Компанијата со седиште во Мичиген, исто така, рече дека ќе отвори скоро 900 нови работни места и ќе додаде трета смена во фабриката во Мичиген за да го зголеми производството на теренците Бронко и Бронко Раптор и целосно новите пикап камиони Ренџер и Ренџер Раптор.
Фото: Facebook











