Аеродромот во Истанбул ја задржа титулата „најфреквентен во Европа“ во 2023 година

78

Аеродромот во Истанбул е прогласен за најфреквентен аеродром во Европа втора година по ред со просечни 1.375 летови дневно, се вели во извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Евроконтрол) за 2023 година.

Просечниот дневен број на летови на аеродромот во Истанбул во 2023 година е зголемен за 19 отсто во однос на претходната година, а на 22 јуни е поставен нов рекорд со 1.684 летови.

Според извештајот, на второ место е аеродромот Шипхол во Амстердам со просечни 1.255 летови, Лондон Хитроу со 1.251 лет, Париз Шарл де Гол со 1.247 летови и аеродромот Франкфурт со 1.179 летови, пишува Daily Sabah.