
Обемот на испораки на руски гас за Европа преку Украина изнесува 40,5 милиони кубни метри дневно, изјави денеска за новинарите портпаролот на Гаспром.
„Гаспром продолжува да испорачува руски гас за транзит преку украинска територија преку пумпната станица Суја во износ одобрен од Украина. Барањето за транзит преку пумпната станица Сорановка е одбиено“, изјави портпаролот на Гаспром, пренесува ТАСС.
Транзитната линија низ Украина останува единствената рута за испорака на руски гас до земјите од Западна и Централна Европа.











