Англиската компанија која произведува кожни чевли и други производи од кожа, Tod’s, и познатиот производител на спортски автомобили, Ferrari, направија уште една успешна соработка.
Двата бренда ги здружија силите и лансираа серија на чевли – мокасинки за претстојната сезона.
Досега Tod’s и Ferrari заедно работеа на повеќе слични проекти вклучувајќи производство на чевли и чанти. Последната нивна заедничка колекција се уникатно дизајнираните мокасинки за мажи и жени чија удобност и функционалност е веќе позната.
Чевлите ги има во повеќе бои, но сепак со оглед на сезоната доминираат есенските и пастелните нијанси. Логото на Ферари е уште еден детал коj ги краси овие обувки.
Цената на обувките е 467 долари за пар, а можат да се нарачаат преку интернет од продавниците на Ferrari.