
Американската компанија Нетфликс денеска објави дека добила 13,1 милиони нови претплатници во четвртиот квартал и сега има рекордни 260,8 милиони претплатници.
Овој резултат претставува значително зголемување во споредба со 8,76 милиони претплатници што Netflix ги прими во третиот квартал од 2023 година.
Во исто време, Нетфликс ги надмина очекувањата на Волcтрит, кој прогнозира дека американскиот сервис за стриминг ќе добие меѓу осум и девет милиони нови претплатници во четвртиот квартал од 2023 година, пренесува CNBC.
Во новото писмо до акционерите, Нетфликс најави скок на цените на претплатите што треба да се случи оваа година.
„Додека инвестираме и го развиваме Нетфликс, повремено ќе бараме од нашите претплатници да платат малку повеќе во согласност со тие подобрувања, што пак ќе поттикне позитивен моментум за дополнителни инвестиции за понатамошен раст на нашите услуги“, велат од компанијата.











