Просечната плата во Србија е 767 евра

Просечната нето плата во ноември 2023 година во Србија изнесува 89.956 динари (767.39 евра), додека просечната бруто плата 123.971 динари (1057.56 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Просечната бруто и нето-заработка за ноември 2023 година е номинално повисока за 14,8 отсто, а реално за 6,3 отсто, отколку во истото време пред една година, наведува РЖС.

Растот на бруто и нето заработката, во периодот јануари-ноември 2023 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 15 отсто или реално два отсто.

Просечната нето заработка за ноември 2023 година изнесува 69.088 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до наведената сума, соопшти РЗС.