Европската централна банка ја продолжува паузата, основните каматни стапки остануваат непроменети

Европската централна банка одлучи денеска, на првиот состанок за монетарната политика во 2024 година, трет пат по ред да ги задржи трите клучни каматни стапки непроменети. Последните информации во голема мера ја потврдија претходната оценка на Управниот совет на ЕЦБ за среднорочната перспектива за инфлација, се вели во соопштението.

Вкупната инфлација беше под влијание на позитивниот базен ефект поврзан со енергијата, но трендот на намалување на базната инфлација продолжи.

Досегашните зголемувања на каматните стапки и натаму силно се пренесуваат на заострените услови за финансирање, што негативно влијае на побарувачката, што придонесува за намалување на инфлацијата, се вели во оценката по денешната седница на ЕЦБ.