
Минатата година во Европската унија се забележани 6,3 милиони комерцијални летови, што е сè уште под нивото пред пандемијата од 2019 година, кога беа регистрирани 7 милиони летови, објави денеска Евростат.
Лани најголем број комерцијални летови се регистрирани во Амстердам Шипхол (453.000), потоа Париз Шарл де Гол со 451.000 летови и аеродромот во Франкфурт со 427.000 летови.
На четврто и петто место се двата најфреквентни шпански аеродроми, Алфредо Суарез Мадрид-Барахас и Ел Прат во Барселона. Аеродромот во Минхен го зазеде шестото место, а потоа следат Рим Фиумичино, аеродромот во Даблин, Виенскиот Швехат и аеродромот во Атина Елефтериос Венизелос.
Уделот на нередовните летови како што се чартер летовите беше 9,2 отсто во 2023 година.











