
На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,43 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,55 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 148,15 на 147,25 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0835 долари, додека вчера во ова време беше 1,0845 долари.
Цените на нафтата, пак, ги надополнуваат вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,49 отсто, на 82,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,60 отсто, на 77,25 долари.











