
Во својот последен извештај, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст во 2024 година на 3,1 отсто, што е за 0,2 отсто повеќе од претходната прогноза од октомври 2023 година.
Економијата на Соединетите Американски Држави покажа поголема отпорност од очекуваното, како и некои големи економии во развој, а оптимизмот е поттикнат и од државната поддршка за кинеската економија, се посочува во образложението на прогнозата.
ММФ очекува глобалната стапка на инфлација да падне на 5,8 отсто во 2024 година и на 4,4 отсто во 2025 година.











