
Просечната заработка без даноци и придонеси (нето) во декември, според податоците на Монстат, изнесува 814 евра и е за 0,9 отсто поголема од ноември.
Просечната нето плата во декември, во однос на истиот месец во 2022 година, е зголемена за 12 отсто и изнесува 1.020 евра, објави агенцијата Мина.
Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември во однос на ноември бележат пад од 0,5 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи раст од 1,4 отсто, се вели во соопштението на Монстат.
На ниво од минатата година просечната бруто-плата била 987 евра, а просечната нето плата 792 евра.
„Во минатата година, во однос на 2022 година, потрошувачките цени бележат пораст од 8,6 отсто. Тоа значи дека реалните плати за истиот период бележат раст од 2,4 отсто“, се наведува во соопштението.
Декемвриската нето заработка во Црна Гора порасна, меѓу другото, во секторите други услужни дејности, градежништво, државна управа и одбрана, додека во однос на ноември опадна во дејностите снабдување со електрична енергија, гас и пареа, како и во рударството.











