
Илон Маск и официјално повторно е најбогатиот човек на светот, откако го престигна извршниот директор на LVMH Бернард Арно, кој три дена беше прв на листата, ја објави Форбс вчера својата листа на милијардери.
Овој медиум забележува дека тоа се случило бидејќи акциите на компанијата Тесла забележале сериозен раст, по големите падови во изминатата недела.
Богатството на јужноафриканско-американскиот бизнисмен се зголеми завчера за 5,5 милијарди долари, зголемувајќи го неговото проценето богатство на 210 милијарди долари, според Форбс.











