
Побарувачката за лекот за слабеење ја турна пазарната вредност на данскиот производител на лекови Ново Нордиск до нови рекорди, бидејќи цената на акцијата исто така нагло порасна откако најголемата европска компанија објави подобри резултати од очекуваните во својот последен извештај.
Фирмата која стои зад лекот за слабеење Вегови и лекот за дијабетес Оземик објави дека нејзината продажба се зголемила за 31 отсто, а нејзината нето добивка се зголемила за 51 отсто во 2023 година во споредба со претходната година, пренесува Еуроњуз.
Растот беше поттикнат од продажбата на лекот за слабеење, која минатата година скокна за 154 отсто. На отворањето на берзата во Копенхаген, акциите на Ново Нордиск пораснаа за повеќе од три отсто, што во еден момент ја крена вредноста на компанијата на 500 милијарди долари.
Вредноста на акциите се зголеми за повеќе од 60 отсто во изминатата година. Во септември минатата година вредноста на 100-годишната данска компанија се искачи на највисоко ниво на сите времиња, што и овозможи да ја симне од тронот највредната европска компанија LVMH.
Северна Америка е најголемиот пазар за лекот за слабеење произведен од Ново Мордиск, а данската компанија очекува понатамошен раст. Компанијата соопшти дека бројот на дебели луѓе е тројно зголемен од 1975 година и се очекува да достигне повеќе од 1,2 милијарди возрасни лица до 2030 година, се вели во соопштението.











