
Според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во Германија паднала на 2,9 отсто во јануари од 3,7 отсто во декември, што е најниско од јуни 2021 година, објави германската федерална канцеларија за статистика Дестатис на својата веб-страница.
Цените на стоките се зголемија на годишно ниво за 2,3 отсто, забавувајќи се од декемвриските 4,1 отсто, а во оваа категорија енергетските производи поскапеа за 2,8 отсто, помалку од минатиот месец, пишува Еуроњуз.
Цените на храната исто така се намалија во јануари, на 3,8 отсто од декемвриските 4,5 отсто.
Инфлацијата во услужниот сектор, пак, благо забрза на 3,4 отсто наспроти 3,2 отсто во декември.
На месечна основа, германската инфлација порасна за 0,2 отсто.
Годишната стапка на основна инфлација во Германија падна на 3,4 отсто во јануари и сега е најниска од јуни 2022 година.











