Во Охрид денес ќе се одржи состанок по повод почетокот на проектот Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион.
Проектот има за цел да се зголеми користењето на обновливите извори енергија и енергетската ефикасност во прекуграничниот регион, особено во југозападниот регион на Република Македонија и регионот Корча во Албанија.
Финансии за проектот се обезбедени од ЕУ како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион од Република Македонија, Албанија ЕУ Центар за енергетска ефикасност и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.