Темата на денешниот втор Француско-македонски бизнис форум, што ќе се одржи во Француската Резиденција во Скопје, е Економската дипломатија во служба на француските и македонските претпријатија.
На форумот ќе присуствува Ален Ришар, специјален претставник на министерот за надворешни работи надлежен за Западен Балкан, а амбасадорката Лоренс Оер ќе има обраќање пред француските и македонските стопанственици.