Новартис го презема германскиот производител на лекови за рак

Швајцарскиот фармацевтски гигант Novartis ќе ја преземе германската фармацевтска компанија MorphoSys која развива иновативни лекови во областа на онкологијата.
Со аквизицијата вредна 2,7 милијарди евра, Novartis ќе го зајакне развојот на новата генерација методи за лекување на рак, се вели во соопштението за медиумите.

Договорот беше едногласно одобрен од одборите на директори на двете компании. Новартис за преземање ќе плати 68 евра по акција, вкупно 2,7 милијарди евра, објави швајцарската фармацевтска компанија.

Преземањето сега мора да биде одобрено од акционерите и надлежните органи, а се очекува да биде завршено во првата половина од годинава.

„Со планираното купување на MorphoSys, сакаме дополнително да го зајакнеме нашето водечко портфолио за онкологија и да ги зголемиме нашите способности и експертиза“, напиша членот на извршниот одбор на Novartis, Шрирам Арадје, објавувајќи ги плановите за аквизиција во понеделникот.