
На светскиот пазар на нафта ќе му бидат потребни 14 трилиони долари инвестиции во следните 20 години за да можат земјите производители на нафта да ги задоволат глобалните енергетски потреби до 2045 година, изјави генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), Хајтам ел Гајс.
За време на неговото обраќање на Индиската недела на енергија во сојузната држава Гоа, тој процени дека глобалната побарувачка за енергија ќе се зголеми за 23 отсто до 2045 година, пишува Oilprice.com.
Според него, ниту еден обновлив извор на енергија нема да може да го задоволи растот на светската побарувачка за енергија.











