Остар пад на приходите и профитот на норвешкиот енергетски гигант

Норвешката енергетска компанија Equinor во средата извести за остар пад на профитот и приходите на крајот од 2023 година, што укажува на значително пониски цени на гасот во Европа и во САД.

Во периодот од октомври до декември вкупните приходи се намалени за 15 отсто, на 29,05 милијарди долари. Нето добивката потонала за 67 отсто, на 2,61 милијарди долари.

Прилагодената добивка по оданочување паднала за 60 отсто, лизгајќи се на 1,88 милијарди долари.