Stellantis ги зголеми профитите, приходите и дивидендите

Производителот на автомобили „Стелантис“ на својата веб-страница објави дека неговата нето добивка за целата 2023 година се зголемила за 11 отсто на годишно ниво, на 18,6 милијарди евра.

Приходите на конгломератот европски и американски фабрики (Фиат, Пежо, Ситроен, Крајслер…) во истиот период се зголемени за шест отсто на годишно ниво на 189,5 милијарди евра.

Компанијата предложи дивиденда од 1,55 евра по обична акција, што претставува зголемување од приближно 16 отсто во однос на претходната година.

Во исто време, „Стелантис“ најави програма за откуп на сопствени акции во 2024 година во вредност од три милијарди евра.

– Денешните рекордни финансиски резултати се доказ дека станавме нов глобален лидер во нашата индустрија и дека ќе продолжиме да бидеме силни додека се радуваме на турбулентната 2024 година – изјави извршниот директор на Stelantis, Карлос Таварес.