
Технологијата на натриум-јонски батерии ќе овозможи најниска цена за киловат час, истакнува Стелантис.
Натриум-јонските батерии во иднина ќе овозможат поевтини и поеколошки батерии за електричните автомобили. Кинескиот производител на автомобили JAC го лансираше својот прв електричен автомобил со оваа технологија. Сега и Stellantis им се придружува на гигантите кои инвестираат во таа технологија за батерии.
Технологијата на натриум-јонски батерии ќе овозможи најниска цена за киловат час, истакнува Стелантис. Технологијата не содржи скапи минерали како литиум и кобалт. Главната состојка, натриумот, пак, е присутна во огромни количини.
Се очекува возилата како новата електрична Panda, која ќе се произведува во Крагуевац, да бидат поевтини од 25.000 евра.











