Ако се забавувате додека инвестирате, веројатно нема да заработите ништо

Ако доброто инвестирање е досадно, тогаш милијардерот Џорџ Сорос е веројатно најдосадниот инвеститор на светот.

Милијардерот еднаш рече: „Ако инвестирањето е забавно, ако се забавувате, веројатно нема да заработите пари“.

„Доброто и паметно инвестирање е досадно“, рече тој.

Тешко е да се оспори  таа теза која доаѓа од човек вреден речиси седум милијарди долари. Ако се прашувате која е тајната на успехот на Сорос, 93-годишникот има едноставна формула.

„Богат сум само затоа што знам кога грешам“, рече тој.

Роден во Унгарија во 1930 година, Сорос студирал на познатата LSE (London School of Economics), а кариерата ја започнал работејќи во британски и американски комерцијални банки.

Во 1970 година, тој го основаше Сорос Фонд Менаџмент, кој на крајот на минатата година имаше средства под управување од околу 5,26 милијарди долари, пренесува Инвеститор.ме.