Масовни отпуштања во Германија: Се укинуваат над 16.000 работни места

Софтверската компанија SAP планира да укине 8.000 работни места ширум светот, Continental 7.150, Bosch 1.200. И ZF Friedrichshafen и Volkswagen најавија дека повеќе нема да им требаат толку многу вработени, а тука е и градежната индустрија каде веќе почнаа отпуштањата.

Ситуацијата не е подобра кога се во прашање банките, а новиот шеф на Баер, Бил Андерсон, ја најави новата структура на фармацевтскиот гигант и јасно стави до знаење дека ќе има помалку вработени.

Како што се наведува, една од причините е цената на енергијата која во Германија станува сè поскапа, а има и политика која повикува на климатско неутрално производство.

– Нашиот свет на работа станува побрз и покомплексен. Промената е нормална состојба, и на тоа мора да најдеме одговор – вели Јута Рамп од Институтот за вработување и светот на работата во Лудвигсхафен, пренесува ДВ.

Економското истражување на ИФО од Минхен покажа дека ситуацијата не е најдобра ниту за самовработените и компаниите со помалку од девет вработени во Германија.