Падна вредноста на доларот

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,77 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,01 поен.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 150,50 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0815 долари. Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,02 отсто, на 82,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,06 отсто, на 77,65 долари.