
Половина од сопствениците на електрични возила имаат и најмалку еден автомобил на бензински или дизел мотор
Во последните години значително порасна бројот на електрични возила кои можат да поминат повеќе од 600 километри со едно полнење. Сепак, истражувањето на лизинг агенцијата Зенит во Велика Британија покажа дека тоа можеби не е доволно, бидејќи половина од сопствениците на електрични автомобили (51 процент) сè уште поседуваат автомобил на бензин или дизел.
Студијата е базирана на анкета на 2.800 сопственици на електрични автомобили. Од сите интервјуирани, повеќе од половина имаат автомобил со мотор со внатрешно согорување. Дополнително, само 18% користат електрични возила за патувања подолги од 100 километри.
Според Зенит, главната причина зошто сопствениците не размислуваат да се ослободат од својот автомобил со внатрешно согорување е недостатокот на јавни станици за полнење.
Иронично, истражувањето исто така покажа дека најчесто користените електрични возила се всушност погодни (и дизајнирани) за долги семејни патувања. Поточно, од 26-те најкористени модели во студијата, првите четири се: Tesla Model 3, Audi e-tron, Kia e-Niro и Cupra Born.











