Австрија има нов план за својот огромен проблем со становите

Австриската Влада планира да потроши една милијарда евра за зајакнување на забавениот сектор за домување во земјата, најавија канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Коглер.

Парите на австриските даночни обврзници треба да се инвестираат во изградба на 10. 000 станови во сопственост и исто толку станови за издавање, како и во реновирање на 5.000 постоечки станови, истакнаа Нехамер и Коглер.

Покрај тоа, владејачката коалиција на Нехамеровата конзервативна Австриска народна партија (ОВП) и Зелените на Коглер се обидуваат да им обезбедат пари на австриските сојузни држави ниски каматни стапки за станбените кредити.

Исто така се укинуваат и давачките за упис во катастар за првиот имот до вредност од 500. 000 евра. Мерките ќе се применуваат во наредните 2,5 до три години.