Швајцарците гласаат за 13-та пензија и зголемување на границата за пензионирање

Граѓаните на Швајцарија во недела ќе гласаат за две иницијативи кои имаат за цел да го променат животот на пензионерите на дијаметрално спротивни начини. Едниот сака да ги зголеми пензиите, а другиот сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителен месечен социјален додаток за да им се помогне на пензионерите да се соочат со зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја.

Иницијативата наречена „Подобар живот во пензија“ бара секоја година да се исплаќа 13-та пензија, како 13-та плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и сè уште не е сигурно дека предлогот ќе помине, пренесува Хина.