
Иако работодавците во Германија станаа попребирливи поради лошата економија, стапија на сила нови стимулации за доаѓање на експерти во Германија.
И покрај фактот дека германскиот канцелар Олаф Шолц минатото лето се пофали дека „еден од најмодерните закони“ им ги отвора вратите на странските експерти, голем број германски компании во меѓувреме размислуваат за кратење на работните места наместо да бараат работници. Сепак, експертите во одредени области сè уште се бараат, а усвоениот закон предвидува три фази на олеснување.
Од ноември минатата година во голема мера е олеснето добивањето на „Сината карта“ која овозможува престој и работа во Европската Унија. Процедурата за верификација, без разлика дали има таков експерт со германско или државјанство на ЕУ, е укината, а познавањето на германскиот јазик веќе не е услов. Намалена е и границата на годишниот бруто приход на 40.000 евра за почетници и за професии во кои недостигаат стручни лица, а 44.000 евра за сите други професии.
Дополнета е и листата на занимања во кои има недостиг од работна сила. Покрај математичари, додадени се и информатичари, експерти од природните науки, инженери и медицински експерти, едукатори и медицински сестри. Кај информатичарите е укината одредбата дека треба да поседуваат сертификат доколку можат да докажат најмалку три години работен стаж.
Понатаму, дозволите за престој и работа се издаваат автоматски на сите кои ги исполнуваат условите. Претходно, дипломатските претставништва одлучуваа за секој поединечен случај. На странските експерти им е полесно да го сменат работното место каде што се вработени доколку во тие звања нема дополнителни правила, како на пр. во медицината, правдата и образованието.
Што се менува на 1 март
Старата болка и мака на странските експерти во Германија беше признавањето на училишното образование. Ова е практично целосно исклучено за сите стручни лица кои освен диплома можат да докажат и двегодишно работно искуство во својата струка. Исклучок се насловите со посебни одредби, што значи дека на пр. во медицинските професии, сепак, потребни се дополнителни квалификации.











