
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо порасна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,86 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,79 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,95 на 150,45 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0840 долари.
Цените на нафтата, пак, втор ден по ред се во минус. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,23 отсто, на 82,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,35 отсто, на 78,50 долари.











